Советникот Трајковски од Ѓорче Петров негира дека бил уапсен поради трговија со дрога најави тужба за Левица

од Milan1
621 прегледи

Мартин Трајковски советникот во општина Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на ЛК СДММ Ѓорче Петров, преку статус на својот Фејсбук профил ги негираше тврдењата на Левица дека бил уапсен поради сомнеж за трговија со дрога.

„Објавата на Левица дека е уапсен член на советот во општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ е класична дезинформација и лажна вест. Одговорно тврдам не сум приведен и немам сторено ништо противзаконски и против мене нема покренато кривична пријава. Уште еднаш потенцирам дека нема вистина во објавата и доколку не добијам извинување во најкраток рок ќе поднесам тужба за клевета и навреда“ напиша Трајковски на својот Фејбук профил.

Претходно Црвена Младина објави дека Мартин Трајковски (21), бил уапсен поради сомнеж за трговија со дрога и против него е поднесена кривична пријава.

Слични содржини