Советниците на СДСМ во Штип ја напуштија седницата, на свечената изјава стоело „Република Македонија“

од Берта Китинска
306 прегледи

Свечена конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска имаа само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата, информира МИА.

На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија.

Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите.

Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата.

Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија.

Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова.