Владејачкото мнозинство против зголемување на цената на водата во Битола. Вака денеска рече претседателот на Совет Валентин Груевски пред стартот на седницата, каде што се најде точката за нова цена на водата што ја дефинираше регулаторната комисија, пренесе Тера телевизија.

-Ние како владејачко мнозинство нема да ја зголемиме цената на водата за граѓаните. Се работи за закон донесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој надлежностите на цената на водата преминуваат во Регулаторна комисија за енергетика. Ова што денес го имаме е резултат на нивното владеење, односно утврдувањето на трошоците кои ги направиле во работењето и начинот на пресметка е донесен како закон од нив пред три-четири години. Ние ќе гласаме воздржано и нема да го поддржиме зголемувањето на цената на водата, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.
Груевски од говорница потсети како пред 5 до 6 години тогашната власт во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми цената на водата за 120% и дека претходната влада го донела решението регулаторите да ја утврдуваат и цената на водата.
-Согласно предлогот кој што го даде ЈП Водовод да плаќаат граѓаните оваа година по 4 денари за кубик поскапа вода, идната година таа цена ќе биде уште поголема, во 2020 година уште поголема, и на крај ќе дојдеме до зголемување од 30% од цената на водата која што сега ја плаќаме. СДСМ свесно ги манипулираше граѓаните и во 2010 година дека тие ќе бараат намалување на цената на водата и во последните изборни кампањи, за сега да предложи големо зголемување на цената на водата, рече Борче Димитровски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Поинаку со забелешка зошто не биле информирани.
-Кога била одржана подготвителна седница во ниту еден момент градоначалникот на општина Битола не ги информирал граѓаните дека е стигнато такво решение со кое веќе е утврдена цената на водата, рече Габриела Илиевска, совеник на ПОИНАКУ.
На денешнат 8 седница на Советот на општина Битола пред советниците се најдоа 17 точки на дневен ред. Покрај точката за цената на водата, советниците расправаа и за годишните планови за работа на јавните претпријатија Пазари и Нискоградба, за вработувањата како и за локалниот акционен план на Битола во областа на вработувањето, образованието и здравтсвото.