Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи.
Назифи, беше амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година.
– Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки, се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори.
-Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството, објави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.