Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за утре го свика Генералниот совет на партијата на средба во ресторан во Тетово. Тема на средбата ќе се новите последни случувања во државата, пренесуваат медиумите.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера порача дека ќе делуваат смирено и рационално, откако опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ААА и Левица, заедно со владејачката БЕСА, објави дека имаат ново парламентарно мнозинство.
„Ситуацијата креирана по оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивни контакти со сите партии, освен оние кои ги негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците. Исто така, за актуелните случувања јас сум во контакт и координација со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската унија. Ќе делуваме без емоции, но и без еуфорија“, напиша Ахмети на Фејсбук.