Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија

Парламентарното собрание на Совет на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, процес што беше отворен во 2000 година.

од desk4
15 прегледи Фото: Фејсбук/Тимчо Муцунски

Одлуката се оценува како значајно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и потврда за остварени резултати во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.

Како што се наведува, посебна заслуга за успешно заокружување на процесот има македонската делегација во Парламентарно собрание на Советот на Европа, предводена од пратениците Марија Петрушевска, Иванка Василевска, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и Постојаната мисија на државата при Советот на Европа.

Одлуката се оценува како значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности.