Советот на Европа: Мажите и момчињата повеќе да ја промовираат родовата еднаквост

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

По повод Меѓународниот ден на жената, денеска првите луѓе на Советот на Европа во заедничка изјава истакнаа дека мажите и момчињата треба да имаат поголема улога во промовирањето на родовата еднаквост.

Во соопштението на Советот на Европа се наведува дека мажите и момчињата треба активно да работат на позитивни промени, да се спротивстават на сексизмот и да го кренат гласот кога ќе видат малтретирање на жени или ќе забележат дека жените не се третираат еднакво.

„Мажите, кои се лидери на полето на политиката, бизнисот, медиумите, спортот или културата, мора да бидат пример за сите во промовирањето на еднаквоста“, се прецизира во соопштението.

Слични содржини