Иако беше поканета, сепак на седницата нема да присуствува специјалната обвинителка Јанева. Таа за денеска во 11 часот во просториите на СЈО закажа прес-конференција, за сосем друга тема и последните ссктивности кои ги презема специјалното обвинителство.

Во понеделникот, претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски изјави дека доколку Јанева не дојде на денешната седница ќе му ја олесни работата, односно членовите најверојатно ќе ги одбијат барањата за превземање на случаите.

На седницата е присутен е и Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој е член на Советот на јавни обвинители по службена должност.

По завршувањето на седницата се очекува Аневски да даде изјава за медиумите.

(META)