207
Горниот дом на рускиот парламент утрово ги ратификуваше договорите за прием на четирите украински територии во Русија.
Советот на Федерацијата ги ратификуваше документите според кои во Руската Федерација се прифатени самопрогласените Народни Републики Доњецк и Луганск, како и Херсон и Запорожје.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот во Кремљ зборуваше за резултатите од референдумот во Доњецката и Луганската Народна Република и Херсонската и Запорошката област, по што потпиша договори за нивен прием во Русија.
На 30 септември Путин и шефовите на Народните републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Херсон и Запорожје, потпишаа договори за пристапување на територии кон Русија и формирање на нови ентитети во земјата, по референдумот.