Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи првата седница за вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba

Советот за безбедност на Обединетите нации на 18 јули за првпат во својата историја ќе одржи седница за вештачка интелигенција (ВИ), соопшти денеска постојаниот претставник на Велика Британија во светската организација, Барбара Вудворд.

„За време на претседавањето со Велика Британија првпат ќе разговараме за вештачката интелигенција во Советот за безбедност“, изјави Вудворд, пренесе ТАСС.

Таа додаде дека целта е да се поттикне дискусија за управување со огромните можности и ризици кои вештачката интелигенција ги носи со себе.

Слични содржини