Советот за безбедност усвои Резолуција за прекин на огнот во Газа: Русија единствена воздржана

од Nikola Popovski
494 прегледи

Синоќа Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои првата резолуција за поддршка на планот за прекин на огнот, чија крајна цел е да се стави крај на осуммесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа.

Резолуцијата го поздравува предлогот за прекин на огнот објавен претходно од американскиот претседател Џо Бајден, кој Израел наводно го прифатил.

Од Хамас, кој, наводно, првично гледал позитивно на предлогот, се бара да го прифати планот, кој ќе се спроведува во три фази.

Резолуцијата, која ги повикува Израел и Хамас целосно да го спроведат споменатиот план, „без одлагање и без услови“, беше усвоена со 14 гласа „за“, ниту еден „против“, а Русија беше воздржана.

Претходно во текот на денот, заменик-амбасадорот на САД во ОН, Роберт Вуд изјавил пред новинарите дека САД сакаат да се уверат дека сите 15 членки на Советот за безбедност ќе ја поддржат, како што рече, „најдобрата и најреална можност барем привремено да се запре оваа војна“.

Резолуцијата била усвоена практично едногласно, но остана под знак прашање дали Израел и Хамас навистина се согласуваат на трифазен план за прекин на огнот.

Слични содржини