Кои се неуловливите хакери кои го открија фалшот и лицемерието во политиката на САД и Западна Европа? Кои се овие модерни следбеници на Робин Худ, кои, наместо да земат злато од богатите и да го подаруваат на сиромашните, крадат информации.
Како резултат на тоа само обичните смртници дознаа дека арапскиот свет не е разрушен во името на некакви виши демократски вредности, туку затоа што Садам Хусеин и Моамер Гадафи станаа толку самостојни што планирале да го заменат доларот со други валути. Од откритијата стана јасно кој ја вооружува Саудиска Арабија и терористите од ИД, кои се задкулисните играчи кои поттикнуваат кризата со мигрантите, како е манипулирано со противењето во Украина, кои се јастребите, кои водаткон војна Русија и САД?

За капак светот дозна дека освен во политиката лагата стана норма и во спортот. Дека едни од непобедливите спортисти на САД имаат освоено натпревари нечесно, користејќи забранети супстанци пред останатите спортисти .
Всушност киберпиратите докажаа дека ништо не е такво какво што ни се презентира.
“Тоаа се едни од најпознатите руски хакери, со многу од кои кабинетот во Москва одржува блиски врски.” Ова е официјалната констатација на ФБИ и разузнавачките агенции на САД. Кои сепак во исто време не коментираат и не ги негираат фактите кои станаа достапни на обичните луѓе по хакерските откритија.
Логиката на државните тајни служби е дека откритијата на “Викиликс”, “Ди Си Ликс”, “Фенси Берс”, “Гуцифер 2.0” влијаат само на САД и донекаде Западна Европа, додека руските амбасади и институции ликуваат, ставаат мислења од типот “Излезе дека меѓу еднаквите некои се нееднакви “и слично.
“Русија има исклучително искуство во ова- вели Мајк Буратовски, потпретседател на фирма за услуги по сајбер безбедноста.
– Ако ги гледате, шансите ви се во одлуката дали Русија е океј со тоа да ја гледате, или всушност сакате да ја видите.”
Според американски претставници по 2012 година Москва инвестира огромни средства за засилување на хакерските сили.
“Не можам да влезам во детали, но руската киберзакана се покажува многу сериозна во споредба со претходните проценки”, изјави Џејмс Клапер, шеф на Националното разузнавање на САД, пред Комитетот на Конгресот во февруари.
“По санкциите против Русија за агресијата во Украина , таа почна да користи комбинација на стандардни и нестандардни киберсили со одобрение од Москва – смета Џејсон Луис, поранешен мрежен специјалист од Министерството за одбрана, и додава:” Тие се успешни. И вие ако направите нешто што работи, ќе продолжите да се дејствувате со него. ”
Една од компаниите ангажирани со истрагата -” Тренд микро “, изјави за западни медиуми дека напаѓачката група најверојатно ги вклучува најдобрите криминални хакери во Русија. Според аналитичарите тие биле многу квалитени, со исклучителни вештини на работ на генијалноста во споредба со хакери, најмени од руската влада.
Во случајот станува збор за волонтери кои се многу мотивирани и обединети поради настаните во Украина и тешките санкции наметнати од Западот на Москва. Чашата на трпението прелеаја по изборниот удар на Светската антидопингова агенција против руските спортисти.
“Овие момци се апсолутно недопирливи со години, но сега добиваат солидна почит”, велат американски аналитичари, алудирајќи на се повеќе нивните блиски врски со руските разузнавачки служби.
Сомневањата се дека главниот тим се вика АПТ 28, а другиот – АПТ 29, а тие се прикажуваат под различни прекари. во доверлива анализа на “Гугл АД” се посочува дека AПT 28 го користи во нападите алатникот, познат како х -агент. Опишуван е како совршена верзија за далечен пристап. Нешто како познатиот RAT, користен за хакирање на американски софтвер.
Според “Гугл” токму АПТ 28 стои зад нападот од минатата година на “Њујорк тајмс”. Се смета дека АПТ 29 ги нападнал во 2015 година Белата куќа и Стејт департментот, покажува истрагата на разузнавачката единица на компанијата за сајбер безбедноста “Фајр ај”.
Директорката на овој оддел Лаура Галанте споделува пред западни медиуми дека АПТ применуваат едни од вештите техники кои генијалците во индустријата некогаш не ги виделе. “Фактот дека зборуваме во детали за различни руски групи, веќе е повеќе од извонреден”, вели таа.
Според експерти за безбедност нема никакво значење дали зад нападите стојат “Софејси груп”, АПТ или “Фенси”. Тие се на мислење дека тоа е една голема руска кибероперација за што сведочи и фактот дека хакерите неколку години следеле пораки и кореспонденцијата на топгенералот од НАТО и истакнат јастреб во САД Филип Бридлав кој повеќепати се обидел да го манипулира претседателот Обама да започне војна со Русија во Украина.
Затоа киберразузнавачите сметаат дека дел од хакер групата е поврзана со руското воено разузнавање и седиштето во Москва, подобро позната како “Аквариум”.
“Гуцифер 2.0”, кој го напаѓа Националниот комитет на демократите во САД, најверојатно е поблизок до руската разузнавачка агенција ФСБ. Ова е мислењето на три од државните групи вклучени во истрагата. Од “Файър ај” дури сметаат дека “Гуцифер” е само еден од многуте прекари на елитниот хакерскиот одред АПТ 28. “Гуцифер” официјално тврдеше дека е Романец, но на оваа верзија никој не верува, бидејќи се покажа дека не знае и не може да пишува на романски. “Ди Си Ликс” официјално тврдат дека се базирани во САД и се активисти кои се борат за вистината и за еден подемократски свет. Истрагата во САД покажа дека местото им е под маската на радар и тоа ги прави невидливи.
Една од ретките американски компании, кои се осмелуваат да кажат нешто поконкретно, е ThreatConnect. Според нив “Ди Си Ликс” се “друг поддржан од Русија оутлет за влијание”. Групата направи вистински удар откако ги пробие пораките на топгенерали од НАТО и САД и ги откри тајните игри на милијардерот Џорџ Сорос против Русија. Инспекторите во САД сугерираат дека хакерите ги набљудувале пораките минимум една година.
“168 часа”