Состојки:
– 700 мл пилешка супа
– 500 гр пилешки батак без коски
– 500 гр њоки
– 400 гр сечкана конзервирана туна
– три лажици кисела павлака
– 2-3 чешниња лук
– 1 главица кромид
– 1 ловоров лист
– 1 лажичка пиперка во прав,
– растително масло
– сол и бибер по желба
– свеж магдонос за сервирање
Подготовка:
Во тенџере загрејте малку масло и пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне. Додадете го пилешкото исечено на ленти. Динстајте неколку минути додека месото не добие златно-кафеава боја.
Додадете ситно сечкан лук и динстајте околу една минута.
Истурете се заедно со сечканите домати и пилешката супа, посолете и побиберете по вкус.
Во тенџерето додадете го ловоровиот лист и пиперката во прав.
Покријте и гответе сè заедно околу 10 минути додека не се соединат вкусовите.
Во тенџерето додадете ги њоките и гответе уште десетина минути, додека њоките целосно не се сварат и сосот не се згусне.
Кон крајот на готвењето, измешајте ја павлаката и извадете го ловоровиот лист.
Послужете топло, со свежо сечкан магдонос.