354
Совршено утринско кафе постои, само треба да знаете како да го направите, без да претерате со шеќер и други додатоци како што се пена од млеко или преливи.
Кокосовото масло е еден од најкористените производи последниве години, кои освен што се вкусни, се и многу здрави.
Тоа му дава на телото енергија, ги намалува воспалителните процеси, го обезбедува со здрави маснотии и ја намалува желбата за нездрава храна.
Инстант кафе или еспресо ставете го во блендер и додадете една до две лажички кокосово масло. Блендирајте додека да добиете рамномеpна структура. Ваквото кафе освен што е вкусно е и здраво за вас.
Уживајте во утринското кафе со прекрасен вкус, кое ќе ви помогне во текот на денот да го намалите внесот на празни калории.