Ковид-19 може да се открие со анализа на гласот многу побрзо и посигурно отколку на претходно познатите начини, убедени се истражувачите од четири светски универзитети. Тие развиваат мобилна апликација, надевајќи се дека ќе ги оправда нивните очекувања и дека ефикасно ќе ја препознаат инфекцијата со ковид со анализа на снимки од кашлица, дишење и говор, дури и кај оние кои немаат никакви симптоми.
Апликацијата, која ја развиваат истражувачи од Универзитетот во Луксембург, вклучително и Владимир Деспотовиќ, е веќе достапна на Интернет, на cdcva.list.lu.
„Имајќи предвид дека Ковид-19 е првенствено респираторна инфекција и предизвикува симптоми како што се сува кашлица, отежнато дишење, губење на воздухот, сите овие симптоми можат да се препознаат во говорниот сигнал и да се користат за разликување на луѓето заразени со вирусот, од луѓе кои се здрави“, објаснува истражувачот на Универзитетот во Луксембург, Владимир Деспотовиќ.
Како функционира апликацијата
Во истражувањето се учествува со оставање на основни податоци и следејќи ги упатствата на страницата.
„Првата гласовна задача е да ја снимите вашата кашлица. Ако сте задоволни со вашата снимка, можете да преминете на следната говорна задача, каде што треба да земете длабок здив и да издишете трипати во телефонот“, вели Деспотовиќ.
Неопходно е да се евидентираат кашлицата, дишењето, броењето, изговорот на буквата „а“, како кај лекар и една реченица на англиски јазик.
„Знам дека како идеја, можеби изгледа премногу амбициозно, но верувајте ми, ваквите симптоми се релативно лесно препознатливи во гласовите на луѓето“, вели Деспотовиќ.
Истражувањето трае до април и тие веруваат дека, доколку се покажат како во право, тоа ќе помогне побрзо да се открие коронавирусот но и побезбедно, бидејќи за време на тестирањето немате контакт со никој- само вие и вашиот телефон.
Иако вакцината против коронавирус почнува да пристигнува, истражувачите потсетуваат дека вирусот нема да исчезне. Тие исто така велат дека резултатите од ова истражување, доколку се позитивни, може да се искористат за откривање на други респираторни заболувања, особено ако повторно се појави ново.