Веќе официјално постојат првите во светот тампони, создадени со марихуана.
Компанијата која дебитираше со овој производ ги опиша како “вагинални супозитории со канабис”, чија идеја е да им помогне на жените да се справат со понекогаш неподносливата болка, истовремена со месечниот циклус.
Тампоните содржат THC и CBD, кои се двете главни активни канабиноидни соединенија откриени во марихуаната, кои помагаат за намалување на болката, ослободуваат хемикалии на среќа во мозокот и ги релаксираат мускулите и нервите.
Многу жени кои веќе ги искусиле, велат дека им помогнале многу со тешките денови од месецот.
Се разбира, воопшто не е лесно да се снабдите со овие нови “пронајдоци”, бидејќи зависи многу од местото во кое живеете и законите на државата.
Покрај сето ова, ќе ви биде потребен рецепт од лекар и околу $ 44 за пакет.