Спалети објасни зошто не се поздрави со тренерот на Спартак по натпреварот

од Vladimir Zorba

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети им објасни на новинарите зошто не сакал да му подаде рака на менаџерот на Спартак Москва, Руи Виторија, откако неговиот тим беше поразен во Лига Европа!

Имено, по триумфот на Спартак од 2:1, Виторија тргна да се поздрави со Италијанецот, кој ги крена двете раце и покажа дека е свесен за гестот – но дека нема намера да учествува во поздравот.

– Не ме поздрави пред натпреварот, тогаш се ракуваш со другиот тренер, а не на крајот само затоа што победил – изјави Спалети за „Скај Спорт“ и додаде:

„Секогаш одам да се поздравам со гостинскиот тренер пред натпреварот. Премногу е лесно да се направи тоа по натпревар, кога ќе победиш. Мора да пречекате некого и на вашиот стадион“.

Спарта и Наполи сега, инаку, имаат по седум бода, Легија е трета со шест, а Лестер има пет. Англискиот тим вечерва од 21 часот ги пречекува Полаците и доколку победи може да застане на врвот на табелата.

Слични содржини