Спанаќ со јајца прелиен со бешамел

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

(за 4 лица)

– 1 кг спанаќ

– 1 млад кромид

– 1 чешне лук

– 2 јајца

– 50 гр рендан кашкавал

– сол, бибер

Бешамел:

– 40 гр путер

– 1 лажица брашно

– 250 мл млеко

– 50 гр кашкавал

Подготовка:

Спанаќот сварете го во солена вода, добро исцедете го и ситно исечкајте го.

Кромидот и лукот се сечат, се пржат на масло и се мешаат со спанаќот.

Изматете ги јајцата, па додајте ги во смесата со спанаќ и кромид. Додадете сол и бибер и добро измешајте.

Префрлете го спанаќот во мал огноотпорен сад и посипете го со рендан кашкавал.

Направете бешамел.

Загрејте го путерот, додадете една лажица брашно, кратко пропржете и со мешање додадете го млекото.

Гответе додека не се згусне, а потоа измешајте го со ситно сечкан или рендан кашкавал.

Со него прелијте го спанаќот и печете во рерна околу 20 минути на 180 степени.

Слични содржини