Спанулис се враќа во грчката репрезентација на 38 години!

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот на Олимпијакос, Василис Спанулис се враќа во грчката репрезентација по шестгодишно отсуство, пренесува специјализираниот портал „Еурохупс’.

Како што се наведува, 37-годишниот бек ќе се најде на списокот на селекторот Рик Питино за квалификацискиот турнир за Олимписките игри, кој ќе се игра од 29 јуни до 4 јули во Канада.

Спанулис последен пат играше во дресот со националниот грб на Европското првенство во 2015 година, кога Грците го освоија петтото место.

Спанулис нема играно од натпреварот од последното коло во Евролигата против Зенит од 9 април, но според информациите од Атина, тој тренира секој ден со цел да ја задржи формата пред почетокот на подготовките на националниот тим.

Ривали на Грците на патот кон Токио, освен домаќинот Канада, ќе бидат Кина, Ургувај, Чешка и Турција.

Слични содржини