Спасе од Велес сакајќи да помогне, го однесе надојдената река, се организира помош за спасување

од Берта Китинска
482 прегледи

Велешанец пред четири дена исчезна во водите на реката Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН.

Полицијата се уште трага по исчезнатo лице кое во велешкото село Белештевица надојдена вода го однела кон реката Вардар, додека се обидувал да спаси екипа на ЕВН.

На место викано Лавчани, човекот се обидел со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект. Од надојдената вода човекот и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.

При пребарување на околината од полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото на ЕВН е пронајдено, додека по човекот сѐ уште се трага.

Вчера на социјалните мрежи беше објавен апел за помош од страна на братот на исчезнатото лице, Левко Димовски

„Левко Димовски ве замолува за помош која во моментов и тоа како му е потребна. Се работи за неговиот брат Спасе Димовски, за кого се претпоставува дека излетал со кола во река.Уште еднаш ве замолуваме сите што можат да се вклучат во акцијата за негово пронаоѓање и да ја споделат информацијата. Секакво инфо и помош е добредојдена, а телефонскиот број за контакт е 070628167“, напиша диџејот Владимир Блажев ака Панчо од ДНК.

https://www.facebook.com/pancho.shortydnk/posts/10157543646277544

Слични содржини