Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува со почетен рапорт за среќната завршница на вчерашната спсителна акција на Шар Планина. Повредениот планинар во 15.00 часот се јавил во Регионалниот ЦУК Тетово да се заблагодари на сите што така брзо реагирале за да му помогнат и при тоа информирал дека тимот спасители го презел со „ратрак“ (специјално големо возило со гасеници за движење по длабок снег по висок терен) на „Ескимо Фрирајд“ во 14.30 часот, а тој се повредил околу 14.00 часот и безбедно го спуштаат надолу по Шар Планина за да добие посоодветен медицински третман, после првата помош.
-Конкретно во ЦУК, околу 14.00 на Единствениот повикувачки број за итни случаи на 112, е добиен повик за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан. Планинарот се повредил кога се симнувал со својот другар по источната страна кон месноста „Мал Турчин“.
Двајцата биле последни од групата со којашто одел. Заостанале малку и најверојатно, брзајќи за да ги стигнат колегите, едниот од нив се лизнал и опасно ја повредил ногата, за којашто не се знае дали му е скршена или само повредена, а и општо му се лошело после лизгањето.
Местото на настанот е пекрасен предел, но е далеку горе на планината, до каде што треба повеќе од три, четири или повеќе часови да се стигне, под услов веднаш да тргне специјализиран спасувачки тим, што се во ниските делови од пределот. Но, во конкретниот случај соработката и меѓусебната координација на институциите, службите и приватните фирми овозможи да се пронајде многу брзо решение и на помош бил употребен „ратрак“ на приватната фирма „Ескимо Фрирајд“, коишто практично во тој предел биле на прошетка со туристи коишто уживале при прошетката со „ратраг“ – туристичка активност што се именува како „слободно возење во природа“. Тимот на „Ескимо Фрирајд“, и самиот составен од пасионирани планинари, иако во моментот превезувал – шетал туристи, несебично веднаш тргнал нагоре кон повредениот којшто почнал веќе неговиот другар да го спушта пополека колку можело надолу поблизу за помагање, свесен дека како што ќе одминува денот, така се постудено ќе станува и се полизгаво.
ЦУК, заедно со другите инволвирани институции (Полицијата од Тетово, Националниот парк, Итната медицинска помош, планинари и други) биле во постојана координација и комуникација за да се изнајде оптимално и брзо решение за спасување на повредениот. Така и се добила информацијата дека ратрак на „Ескимо Фрирајд“ е во тој предел нешто подолу во туристичка прошетка, со што било остварено спасувањето толку брзо.
Спасувачката акција се завршува со голема среќа во несреќа за повреден планинар на повисоките делови на Шара, што е ситуација што поттикнува на превентивни активности и со внимателност кога се оди во планина, колку и да е времето убаво, стои во соопштението на ЦУК.