Спасен рекреативен риболовец во животозагрозувачка состојба во близина на Козјак

од Nikola Popovski
234 прегледи

Рекреативен риболовец со срцеви проблеми и во животозагрозувачка состојба бил спасен денес на брегот на езерото „Козјак“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Во периодот по 19.00 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 е добиен повик од возрасно лице – рекреативен риболовец на езерото Козјак, коешто заради проблеми со срцето снеможело и било во животозагрозувачка ситуација. Лицето, дека имало повеќе сила, успеало да прати и дигитална локација на телефони во Скопје, а потоа не било контактибилно. Но, неговата локација веќе ја имале и дежурните од Единствениот број за итни случаи 112, кога тој успеал да се јави на бројот. Неговиот телефонски број бил даден и во Итната медицинска помош, со што се имало можност и лекар да комуницира со лицето за медицински совети согласно можностите и ситуацијата, велат од ЦУК.

Додаваат дека со брзата и професионалната интервенција на Итната медицинска помош, во содејство со Полицијата и со дежурните од „Јасен“ на пунктот „Кула“, возрасното лице во животозагрозувачка ситуација заради проблеми со срцето прво било пронајдено покрај брегот на езерото „Козјак“.

-Медицинскиот тим од Итна медицинска помош на лице место го згрижил пациентот и со болничко возило се упатил прво кон Општа болница во Прилеп, а потоа, согласно медицинската проценка, со медицинско болничко возило и лекарски надѕор, било упатено кон Клиниката за кардиологија во Скопје. Според, последните информации кои се добиени во ЦУК, рекреативниот риболовец на Акумулацијата „Козјак“ е во контактибилна состојба, истакнуваа од Центарот.

Слични содржини