Спасен штрк кој паднал од своето гнездо (ФОТО)

од Nikola Popovski

Благороден потег на службите од осветлување на Општина Кавадарци и ТППЕ Кавадарци, кои спасиле штрк кој паднал од своето гнездо на една од бандерите во градот.

-По пријава на граѓани на ул. Ѓорѓи Димитров дека штрк паднал од своето гнездо и не успеал сам да се врати, службите веднаш реагирале и по кратко време го вратија во своето гнездо, информираа од општина Кавадарци.

За овие преселни птици се вели дека гнездата ги прават само во еколошки чисти средини. Кај нас штрковите се задржуваат до средината на месец август, а потоа повторно се враќаат на југ.

Слични содржини