Спасени четворица заложници убиени над 200 лица?

од Milan1
260 прегледи

Израелските сили спасија четворица заложници кои милитантнта група Хамас ги држеше од октомври во рацијата во Газа. При акцијата палестинските власти соопштија дека Израелците убиле повеќе од 200 луѓе. Ројтерс пишува дека ова е еден од најкрвавите израелски напади во последните осум месеци oд војната.

Снимките на социјалните мрежи кои Ројтерс не можел веднаш да ги потврди, покажуваат тела како се излеваат утроби и крв по улиците

Операцијата за спасување заложници и интензивен воздушен напад се одржаа во централниот дел на Газа, Ал Нусејрат, густо изградена и често борбена област во конфликтот меѓу Израел и Хамас,.

Портпаролот на израелската војска изјави дека операцијата се случила во срцето на станбена населба во Нусејрат каде Хамас ги држел заложниците во два одделни станбени блока. Израелските сили беа под силен оган за време на нападот и одговорија со пукање „од воздух и од улица“, рече портпаролот, контраадмирал Даниел Хагари.

– Знаеме за помалку од 100 (палестински) жртви. Не знам колку од нив се терористи – рече тој на брифингот со новинарите.

„За време на операцијата е убиен командант на израелските специјални сили“, се вели во соопштението на полицијата.

Владината медиумска канцеларија во Газа, управувана од Хамас, соопшти дека подоцна бројот на загинати се искачи на најмалку 210 Палестинци и многу повеќе ранети, откако медицинските лица и здравствените власти претходно соопштија до 100 загинати. Нема моментална потврда за највисоката бројка од Министерството за здравство на Газа.

Израелски беспилотни летала и воени авиони пукаа цела ноќ по случаен избор кон куќите на луѓето и кон луѓето кои се обидоа да побегнат од областа“, рече Зиад (45), болничар и жител на Нусејрат, кој даде само неговото име.

Слични содржини