Спасени три момчиња на Треска кои 4 часа останале заробени на островче на реката

од Nikola Popovski
75 прегледи

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островче на реката Треска, јавуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во 19.12 часот e добиена пријава за итен случај на 112 во ЦУК дека три момчиња останале заробени на своевидно островче на средина во реката, заради испуст на водата од хидроцентралата „Матка“, а и од хидроцентралата „Козјак“, што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што редовно навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката Треска, а секако има и покачување на нивото на реката.

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат.

-ЦУК побара директно од диспечерите во хидроцентралите „Козјак“ и „Матка“ (браните) веднаш да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата. Во меѓувреме од страна на тимот на специјалните сили беше направен еден обид со чамец да се спасат децата, но заради големата вода тоа не можеше во тој обид безбедно да се реализира заради исклучително брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска. Беше потребно да се почека погоден момент, поточно требаше време да се намали силината и нивото на водата и откако беше сопрена водата да истекува од двете брани, стои во соопштението.

Во меѓувреме од страна на тим на специјалните сили е направен еден обид со чамец да се спасат момчињата, но безуспешно заради брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска.

-Околу 23 часот од страна на дежурните служби во полициска станица Сарај е добиено известување дека по намалување  на водостојот на реката, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата безбедно се префрлени со чамец од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец, објаснуваат од ЦУК.

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги извести хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ за да можат непречено да произведуваат електрична енергија.

Слични содржини