Спасено лице од давење во Дојранското Езеро

од Nikola Popovski
27 прегледи

Во акција на граничната полиција во Дојран вчера беше спасено лице да не се удави во Дојранско Езеро, јави Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Струмица извести дека вчера во 11.08 часот добиле пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.

-Веднаш е известена ПС Гевгелија и Граничната полиција која беше на терен и го извлече лицето кое е здраво и живо, а извлечен бил и неговиот чамец, соопштија од ЦУК.

Слични содржини