Најмалку едно лице загина, а повеќе од осум се повредени при уривање на станбена зграда во Мајами.
Спасувачките екипи со часови трагаат по урнатините и се стравува дека ќе мора да ја прекинат акцијата бидејќи на овој дел од градот се приближува силно невреме. Зградата се сруши ноќта помеѓу средата и четвртокот околу 2 часот по локално време, додека станарите спиеја.
Очевидци велат дека се слушнал татнеж и дека тие не можеле да видат ништо од облакот од прашина. Само кога се расчисти прашината, сфатија дека се срушил половина од станбената зграда со околу 100 станови.На неколку минути на лице место пристигнале повеќе од 80 пожарникари и спасувачи, кои со часови ги извлекуваат повредените и трагаат по преживеаните.
Момче старо околу десет години беше извлечено од урнатините. Тежината на неговите повреди не е позната. На видеото се гледа како момчето е извлечено од урнатините, а потоа пожарникар го носи над рамото и се обидува да го пренесе на безбедно место. Според американските медиуми, една жена го загубила животот во овој трагичен инцидент и се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.