332
Професорот на Правниот факултет и член на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски за ТВ 21 вели дека обврската за уставните измени нема да заврши со мандатот на актуелниот состав на Собранието, туку таа обврска ќе биде и за идната влада.
Тој посочи дека оваа обврска е тесно поврзана со процесот на евроинтеграциите и е реалност без разлика дали не кој тоа му се допаѓа или не.
„На таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери и партии“ рече Спасеновски во „Клик плус“.