Спасеновски: Игнорирањето кон Бугарија е единствена правилна опција

од Берта Китинска
127 прегледи

Македонско – бугарските односи се на најниско ниво од 2017 година наваму, и ако некој сакаше да постигне определени реакции, може да биде задоволен, смета Александар Спасеновски, универзитетски професор во Студио 10.

– Суштината на меѓународните договори, каков што е и Договорот за добрососедство, е двојна, да се решат проблемите и да се постави основа за натамошен раст и развој на позитивни билатерални односи. Факт е дека по лошиот распоред на силите во бугарското Собрание, одат на нови избори. Во тоа светло може да се гледаат и напади кон Македонија, но мора да се потенцира воздржаноста на инситуциите кај нас. Игнорирањето кон Бугарија е единствена правилна опција. Можеби кај јавноста се создава впечаток дека молчиме, но работата на одговорните политичари е преку темелен пристап да изградат позиции кои ќе се од полза на нашата држава, вели Спасеновски.

Слични содржини