Спасеновски: Недостасува официјален став на Борисов за разрешницата на овие односи

од Берта Китинска

Недостасува официјален став на премиерот на Бугарија за разрешницата на овие односи што укажува дека до крајот на годинава како брзо да се затворат овие прашања, додека трае претседателството на Германија“, вели професор Александар Спасеновски во Студио 10 на ТВ24.

„Германија покажа како се ефектуира сојузништвото, гледаме дека до последен момент застанува зад европските вредности, со вршењето притисок врз властите во Бугарија. Кај младата генерација во Македонија доминира еврооптимизмот, но за жал присутни се и негативните трендови за напуштањето на државата. Факт е дека македонско-бугарските односи го привлекуваат вниманието на студентите, постојат два пика. Едниот е во 1999 година, решавањето на јазичниот спор, а вториот таков пик е во 2017 со потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство кој требаше да генерира нов оптимизам меѓу државите. Недостасува официјален став на премиерот на Бугарија за разрешницата на овие односи што укажува дека до крајот на годинава како брзо да се затворат овие прашања, додека трае претседателството на Германија“ – вели Спасеновски.

Слични содржини