Спасеновски: Само еднаш во историјата падна Влада без политички договор

од Nikola Popovski
542 прегледи

Не можеме да кажеме дали ќе имаме расплет или влегуваме во нов заплет на настаните, вели универзитетскиот професор, Александар Спасеновски во емисијата „Топ тема“, околу тоа што ќе се случи после гласањето доверба на Владата во четврток.

Според него, клучни се малите играчи, односно малите партии, поради тесното мнозинство во Собранието.

-Неблагодарно е како ќе се одвива особено поради фактот што ако ги анализирме нештата низ историска перспектива, можеме да видиме дека во нашата плурална 30-годишна историја, само еднаш без политички договор, од внатре се има случено промена на Владата и ново парламентарно мнозинство, кога падна првата експертска влада на тогашниот премиер Никола Кљусев, потенцира Спасеновски.

Слични содржини