Спасевска: На УКИМ треба да има европско образование и целосна дигитална трансформација

од Nikola Popovski

„Што фали на високото образование во МК? Фали европско образование. И моајта програма се заснова на тоа мото дека треба УКИМ да има европско образование како најстара институција во Македонија“ изјави професорката Христина Спасевска од ФЕИТ, која е кандидатка за ректорка на УКИМ во дебатата на ТВ24.

Таа додаде дека УКИМ ги обучува 70 отсто од кадрите во државата, па поради тоа модернизацијата на образованието на овој универзитет ќе се рефлектира не само на факултетите, туку и на целото образование во државата.

„Токму затоа мојата програма не ја темелев на четирите столба наука, настава, инвестиции и развој и меѓународна соработка, туку направив едни хоризонтални приоритети, а тоа се студенти и студентскиот стандард, УКИМ на меѓународните листи, целосна дигитална трансформација и зајакнување на капацитетите на УКИМ“ рече Спасевска.

Професорката додаде дека без добри капацитети и на стручно – техничкиот, административниот кадар и воопшто на професорите и условите за работа, нема напредок и обезбедување на квалитет.

Слични содржини