„Не е во ред едно дете од кревет да се вклучува на часови и полузаспано да ја следи наставата. Не е во ред дете да врши „булинг“ и да ги „мјутнува“ наставниците. Во ред е нормално да посетува училиште, дури и во услови на пандемијата, кога веќе други земји најдоа начин и протоколи за учениците во училиште“, вели Драгана Спасевска од иницијативата „Учебници и настава мора да има“, за емисијата „Утрински брифинг“.
Таа вели дека е задоволна од досегашните протести.
„Во некои градови имаме поголем одзив, во некои помал, но поддршката која што ја имаме за реформите е голема. Дозванаме дека од Собранието ќе ни дадат зелено светло за новата иницијатива, односно да можеме да ја почнеме постапката за референдум“, изјави Спасевска, додавајќи дека тие не се против дигитализацијата, но сакаат печатени учебници за нивните ученици.
„Нека дигиталниот уред биде дополнителна алатка која ќе се користи во образовниот процес. Треба да има учебник по секој наставен предмет и пред секое дете, а дигиталниот уред не го отфрлуваме“, одговори Спасевска.