Спасевска: Тргнете ја вашата лоша политика настрана од нашите деца

од Andreja Salpe

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржува протест кој започна од МОН, продолжи до Владата, а ќе заврши пред Собранието. Иницијативата се залага против донесувањето на новиот Законот за учебници за основно и средно образование.

Од пред Владата на Република Северна Македонија предводничката на иницијативата, Драгана Спасевска истакна дека институциите не сакаат да ги слушнат нивните барања.

– Тргнете ја вашата лоша политика, на страна до нашите деца. Баравме, бараме и ќе бараме задолжително учество на претставници од граѓанскиот сектор во работна група кои ќе работат на новиот Закон.

Слични содржини