880
Мојата чудна Македонија.Јакнела “Левица”. А ние со анти нато и про Мадуро “Левица” одиме на десно, пишува на својот Фејсбук профил, професорот Ѓорѓи Спасов.
-Апасиев не е Ципрас.Со него нема да се случува “пасокизација”. (да јакне нашиот “Пасок” на сметка на СДСМ”).Апасиев е наш Волен Сидоров од бугарска “Атака” а “Левица” е нашата грчка “Зора”.Тоа се партии и лидери кои даваат анти нато и проруски мигавец лево а вртат кон десно и кон најнедемократските десничарски режими чиј слоган е “Сите ќе ги бесиме” за ништо не одговараме.Си имаат секаде своја публика која бавно се отрезнува.Но и исчезнуваат бргу откако ќе направат мал хаос и голема штета, пишува Спасов.