Денес со нота до ОН ги информиравме дека името Северна Македонија се однесува само на Република Северна Македонија.Со тоа ја смиривме Бугарија која е членка на НАТО и на ЕУ и пет пати поголема од Северна Македонија дека со нашето име не имплицираме територијални претензии кон соседната држава, пишува на својот Фејсбук профли поф.Ѓорѓи Спасов.
-Ова е голем успех на бугарската дипломатија која со оваа гаранција од нашата земја ги отстрани сите сомневања дека еден ден ќе ја нападнеме и ќе ја освоиме цела Северна Македонија на Балканот.Важно е повеќе да не стравуваат од нашите територијални претензии.Сила сме ние на Балканот и затоа сите треба да се заштитат со гаранции дека нема да се шириме, да напаѓаме и да освојуваме туѓи територии.Затоа од денес Бугарите треба мирно да спијат. Решија еден многу голем проблем. А ние останавме без шанса да ги развиваме нашите освојувачки стратегии, напиша Спасов.