Спасов: Ги информирам дека сум таму кај што се крие Владимир Панчевски

од Nikola Popovski

Откако одредени медиуми објавија дека полицијата трага по десетина лица, меѓу кои беше наведен и професорот во пензија Ѓорѓи Спасов, кои правеле наводна изборна измама со тоа што на социјалните мрежи ги наведувале граѓаните да гласаат на неважечки начин, се огласи и лично професорот.

Спасов, кој беше министер и амбасадор, на својот Фејсбук профил соопшти дека „Љупчо Златев прв дознава, како во времето на Латас“.

„Се надевам дека ќе има доволно тв камери кога ќе ја давам изјавата. И да не трагаат по мене. Ги информирам дека сум таму кај што се крие Владимир Панчевски. Кога ќе го најдат него за притвор нека ме повикаат и мене за изјава“, напишал Спасов.

Претходно порталот Лидер објави дека МВР трага по Ѓорги Спасов од агенцијата Рејтинг, активистот Боби Илиевски и уште десетина други членови на политичка партија.

Љупчо Златев прв дознава. Како во времето на Латас☺Се надевам дека ќе има доволно тв камери кога ќе ја давам…

Публикувахте от Gjorgji Spasov в Понеделник, 13 юли 2020 г.

Слични содржини