Спасовски новогодишно кај граничарите на “Деве Баир”: Граничната полиција ја чека макотрпна работа и во наредниот период

од desk3
99 прегледи

“Граничната безбедност и надзорот над државната граница е еден од клучните сегменти во работата на Министерството за внатрешни работи. Одделот за гранични работи при МВР, во текот на годината што е зад нас имаше прилично обемни активности пред се причинети од огромниот наплив на мигранти од земјите на Блискиот и Среден Исток и северна Африка.“

Spasovski

Ова меѓудругото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со полициските службеници од ПС за ГP и ГН Деве Баир.

Презентирајќи дел од статистичките показатели за активностите на Одделот за гранична полиција во перидот од 01.01 до 01.10.2015 година министерот Спасовски нагласи дека ваквиот зголемен обем на работа бара засилен ангажман на граничната полиција, континуирани мерки и активности не само во поглед на следење на состојбите, туку и за превенирање и спречување на сите облици на прекуграничен и друг вид криминал.

(ФОТО) Генерал Ангелов со “калашников на рамено” од Ирак порача…

“Трендовите и согледувањата покажуваат дека и во наредниот период граничната полиција ја чекаат сериозни предизвици, одговорна и макотрпна работа. Убеден сум дека полициските службеници од Одделот  за гранични работи соодветно и ефикасно ќе се справат со сите идни предизвици и дека државната граница е во сигурни раце“, потенцираше Спасовски.

Инаку министерот Спасовски информираше дека од безбедносен аспект новогодишната ноќ минала без никакви проблеми. Во Скопје на четири локации на коишто беа одржани манифестации по повод дочекот на Новата година и на кои што сумарно, според проценките присуствувале околу десет илјади лица, прославата минала без нарушувања на јавниот ред и мир. Освен приведувањето на едно лице за сторен прекршок по член 6 од ЗПЈРМ, од Сквер кај Хотел Јадран, за што е изготвен записник за констатиран прекршок и е извршено алкотестирање, додека на други две лица им е укажана помош со повикување екипа од итна медицинска помош и пружање соодветен медицински третман поради висок степен на алкохолизираност.