615
Претседаетело Пендаровски сам ги кажува своите ставови не е мое да ги толкувам или да ги правдам, вели советникот за внатрешна и надворешна политика на претседателот Стево Пендаровски, Александар Спасов во врска со искажаните ставови на шефото на државата во однос на политичката состојба во земјата.
-Претседателот е самостојна институција и мислам дека нашето општество како да имаше подзаборавено дека претседателот е една гранка на извршната власт која има свои ставови свои политики кои ги координира со Владата и Собранието, меѓутоа претседателот ги застапува оние полтики за кои смета дека се исправни во моментот, вели Спасов во Утрински Брифинг.