Да се потрошат 500 илјади евра за одбележување на 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор е глупост, пишува во својата Фејсбук објава универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов.
-А образложението на Груби дека “користа од таа прослава ќе биде поголема од потрошените пари за неа” е еднаква на изјавите на Груевски кој секогаш на прашањето колку чинат неговите бизнис екскурзии од Кина до Мексико одговараше дека тоа не е важно бидејќи “користа од тие светски патувања за Македонија ќе била поголема од потрошените пари”.Се е исто. Дури ниту речникот не се менува. Пола милион евра за прослава кога молиме за помош во гаснењето пожари е неодговорен чин. Би било паметно некои од поканетите странски гости да го откажат доаѓањето среде пандемија и со тоа да укажат на бесмисленоста од големиот трошок, пишува Спасов.