Спасов: Радев и Џамбаски да им соопштат на САД и на ЕУ до каде се спремни да одат во „одбраната на Бугарите во Македонија“

од Nikola Popovski
333 прегледи

ЕУ и САД треба да го следат речникот на Румен Радев и на другите бугарски националисти, кои од тврдењата за “непочитување на Договорот” од македонска страна и наводниот говор на омраза во Македонија против Бугарите, дојдоа до тврдењата за некаква “дискриминација и загрозеност на Бугарите во Македонија” кои веројатно” тие имаат света должност да ги спасуваат” како во Првата, во Втората балканска војна и во време на Втората светска војна, во кои секогаш доживуваа пораз, но не извлекуваа поука, стои во Фејсбук статусот на професорот и поранешен министер Ѓорѓи Спасов, како реакција на денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев после новото вето.

Според него, ако постои таков проблем, тој не се решава со вета и блокади, туку со многу поагресивни средства,па и со воена интервенција ако треба за “ослободување на Бугарите” на “окупираните територии”.

-Време е генeралот Радев и сите потписници на Рамковната позиција, и нивниот европратеник Џамбаски, да им соопштат на САД и на ЕУ до каде се спремни да одат во “одбраната на Бугарите во Македонија” и за што ја подготвуваат бугарската јавност. Ова е Балкан и тука се веќе видени такви сценарија. Македонија и Македоците со сите други граѓани кои живеат во Северна Македонија,секогаш умееле да си ги одбранат своите национални интереси и своето национално достоинство. Таа не се плаши од “националистички умови и петарди”. Но, должна е да потсети на “веќе видени работи на Балканот” од ароганцијата на голем број балкански националисти кои сега ги има и во земји членки на ЕУ, пишува Спасов.

Шефот на бугарската држава во Брисел изјави дека не попуштиле на силниот притисок од европските партнери и порача дека европската перспектива на Скопје зависи само од Софија.

„Бугарија се спротивстави на ’неверојатниот притисок’ од европските партнери да се одобри почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Брисел, откако пред неколку дена земјата повторно ги блокираше македонските обиди за влез во Унијата. По пристигнувањето на дводневниот Европски совет во Брисел, бугарскиот претседател рече дека Бугарија успеала во инсистирањето прашањето за започнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од денешната агенда на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ. Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска земја зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија“, порача Радев.

Слични содржини