Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски вечерва во емисијата Кликплус на 21ТВ рече С.Македонија мора да продолжи по правиот пат по кој чекореше во изминатите две ипол години.
-Во 2017-та година С. Македонија беше заробена држава, без слобода генерално, без слобода на медиумите, под притисок беше целиот државен апарат, се кршеа човековите права…Сега имаме држава која солидно исчекори напред. На прагот сме да станеме 30-та членка на НАТО. Денес сме економски консолидирана земја со слободи и демократија. – рече Спасовски.
Од второстепено значење е кој би бил дел од техничката влада. На крајот на декември ќе дадеме конкретен одговор на ова прашање. – рече Спасовски.
Неблагодарно е да шпекулираме со имињата кои треба да ги даде владејачкото мнозинство или опозицијата – порача Спасовски.