Денешната одлука на СДСМ да го кандидира Горан Герасимовски за градоначалник на општина Центар ја има сета моја подршка. Го познавам Горан лично и можам да кажам дека станува збор за мотивиран, чесен и исклучително работлив млад човек за кој нема да слушнете лош збор, смета професорот и поранешен министер, Ѓорѓи Спасов.
Според него, иако на прв поглед тивок и ненаметлив, Горан секогаш бил на чело сите битки за одбрана на Центар и достапен за разговор и поддршка на граѓаните во општината.
-Кога стана претседател на општинската организација на СДСМ не повика повозрасните да го советуваме да му кажуваме што е добро а што не чини и многу добронамерно ги прифаќаше критиките. Горан верувам дека добро ги знае проблемите на општина Центар и на граѓаните што живеат во неа. Доколку желбата, енергијата и знаењето кое го има ги насочи целосно кон решавање на овие проблеми, убеден сум дека Центар ќе добие одличен градоначалник, напиша Спасов на Фејсбук.