Спасов за Османи: Рака на срце и до сега дипломатијата ни беше прилично зелена

од Vladimir Zorba
488 прегледи

Уште ова го немавме официјално до сега. Имавме зелени политичари. Зелени партии. Зелени униформи. Зелен пазар. Партии што се префарбаа во зелено. Луѓе што кинат зелени. Оние што тресат зелени. Луѓе што позеленуваат од бес. Оние што зелени се раѓаат и никогаш не созреваат.
Коњ Зеленко. Зелени, недозреани идеи И многу други зелени мисли,луѓе и работи. А сега официјално ќе имаме и зелена дипломатија, реагира Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор и министер на денешната објава на министерот Осмнаи..

„Рака на срце и до сега дипломатијата ни беше прилично зелена само што, ние така не ја викавме а сите други за таква ја сметаа“, додава тој.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конфeренција во градскиот парк, ја лансираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“ и ги информираше новинарите за конкретните чекори и проекти преку кои ќе се спроведува.

Османи ги презентираше проектите преку кои ќе се спроведува оваа иницијатива, при што, информираше дека ќе биде назначен климатски амбасадор чии надлeжности ќе бидат промовирање на домашните и меѓународните политиките за зачувување на животната средина.

Зелената надворешна политика ќе треба да се прилагоди на предизвиците на носителите на одлуки во борбата против климатските промени и нивните влијанија, а амбасадите ќе бидат фронтални предводници на иницијативата за зелена дипломатија, што ќе значи и нула пластика во МНР и целата дипломатска мрежа, споделувње на возило со колегите, возење велосипед или пак тротинет, соларни уреди како одржливи извори на енергија, штедење на хартија, замена на светилките со штедливи светилки.

Министерот, во овој контекст информираше дека веќе е во постапка формирање на посебно Одделение во МНР за зелена дипломатија кое ќе ги следи и анализира меѓународните политики во областа на климатските промени и заштитата на животната средина и ќе продуцира насоки кои ќе се преточуваат во конкретни домашни политики.

Презентирајќи ги сите чекори преку кои ќе се спроведува иницијативата, Османи нагласи дека ќе се изгради зелен покрив на зградата на МНР, ќе се воспостави и систем на сепарација на отпад, а објектите на амбасадите ќе треба да станат енергетски ефикасни. Ќе се практикуваат и зелени состаноци, кои се сé почести меѓу дипломатите во светот, но стануваат дури и нужност со траeњето на ковид пандемијата.

Слични содржини