Спасовски: 15.000 граѓани не можат да ги подигнат личните карти поради блокада на Собранието (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Интересот на граѓаните е број еден. Издавање на лични документи значи можност за остварување на правата и обврските на граѓаните. До денеска околу 15.000 граѓани не можат да ги подигнат личните карти заради тоа што е блокирано Собранието со 1.507 амандмани, изјави денеска од собраниската говорница министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

МВР паралелно со нагдрадба на системот ги направи сите законски решенија и ги достави до Собранието на РСМ, преку Владата во март е доставен Законот за лична карта, со цел да поминат сите собраниски процедури и да почнат со примена новите измени од 1 јули 2021 година, истакна тој.