Спасовски: Ајде сега да слушнам негативен коментар за покачување на платите на докторите и полицијата, кога тропаме на нивната врата за помош

од Viktor Jovanov

Сакам сега баш некој да каже, или да чујам негативен став или коментар за зголемување на платата на лекарите или полицајците, кога сите тропаме на вратата на нивната врата и ги оставаме 24 часа на работа. Заслужувале да имаат и многу порано повисоки плати, но до 2017 немаа.

-Тоа покачување од 5 до 10 отсто на платите на лекарите, полицијата и војската го направивме затоа што имавме ликвиден буџет, добар развој зголемен БДП и постоеа финансиски средства и можности. Сега се наоѓаме во кризна ситуација, мерките кои се однесуваат за приватниот сектор ќе се однесуваат и на јавната администрација. Имаме посебни програми за економијата да остане ликвидна, вели Спасовски.

Техничкиот премиер додава дека секогаш кога ќе дојде време, ред да се разговара за здравството, полицијата или армијата, треба да се сетиме кој бил на првата борбена линија сега кога е најтешко.

-Голема благодарност до нив, сите досега си ја вршат работата одговорно и професионално, вели Спасовски.

Слични содржини