157
Премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи, како претставници од Комисијата за заразни болести, денеска присуствуваа на состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово по нивното барање да се водеде 24-часовен 14-дневен карантин.
-Ако епидемиолозите и стручната фела каже дека 14-дневен карантин е мерка која ќе го спречи ширењето на коронавирусот во Куманово, Владата е спремна да ја донесе. Не сум приврзаник на најстроги блокади, зашто компарацијата Дебар и Куманово е 9.000 и 120.000 жители, изјави премиерот.
Куманово е најпогодениот град со заразата со 236 заболени, 12 починати, а 44 медицински лица се позитивни на Ковид – 19.