Спасовски: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари дел од настаните со црквата во Галате

од Milan1
545 прегледи

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари се дел од настаните со црквата во Галате изјави Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во интервју за „Алсат М Телевизија“.

Спасовски покажа фотографии на кои тврди дека се гледаат активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари кои се дел од случувањата во Галате.

-Ова е фотографија на инвеститорот, еден од поблиските соработници на господинот Таравари. Овде ќе видите уште едно момче кое е дел од раководството на локалниот клуб на ВМРО-ДПМНЕ, еден од учесниците на тие случувања кај црквата. Овде има уште една слика со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се луѓето кои беа во Галате. Ова го кажувам само за да бидат разбиени тие лаги кои се пуштаат во јавноста дека некој друг нешто пушта. Така да господинот Таравари треба да си седне со коалициониот партнер, да поразговараат на оваа тема и да се вразумат, рече Спасовски.

Спасовски осуди секаков акт којшто носи до подгревање на етнички тензии, особено кога се работи за верски објект, повика на дијалог и институционално решение.

Слични содржини