Спасовски: АНБ има право на следење на комуникации кои се однесуваат на заштита на уставниот поредок

од Берта Китинска
242 прегледи

Како што е пропишано во законот, така и треба да се одвиваат сите постапки и истраги посочи премиерот Оливер Спасовски по денешното тврдењето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дека неотстранувањето на посредничката улога на Агенцијата за национална безбедност при следењето на комуникациите, говори дека реформите во безбедносните слушни се само замајување на јавноста.

Спасовски смета дека ситуацијата во однос со следењето на комуникација е сосема јасна.

– Ние имаме Оперативна техничка агенција, без којашто нема пристап до телеком операторите во државата и затоа се направи таа реформа. Агенцијата за национална безбедност и има право на следење на комуникации, кои се однесуваат на заштита на уставниот поредок на Република Северна Македонија и заштита од висока корупција и криминал, додека истражните постапки ги водат органите кои се надлежни за водење на истражна постапка, а тоа е Бирото за јавна безбедност, тука е Царинската управа, тука е финансиската полиција. Така да како што е припишано во законот така и треба да се одвиваат сите постапки и сите истраги, вели Спасовски.

Слични содржини