Спасовски: Анџело Ѓорѓиевски се криел во еден објект во Скопје

од Nikola Popovski
422 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва информира дека првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот е предаден по опсежни мерки на тимот за потраги во Скопје.

-Се предаде на тимот за потраги. Сите оперативни информации, толку стеснет простор, придонесоа по неколкучасовни активности на полицијата да резултира со негово приведување во станицата во Аеродром, а потоа и спроведување во затворот Скопје, рече Спасовски во емисијата „24 анализа“.

Министерот додаде дека Анџело Ѓорѓиевски се криел во Скопје, во еден објект.

-Не е државна тајна, меѓутоа истрагите мора да ги водиме преку институциите. Се она што можеме да го соопштиме ќе го соопштиме, се она што не може, ќе го кажеме во нареден период. Информациите што ги споделивме денеска се тие. Многу шпекулации имаше околу него дека заминал од Македонија. Тој е фатен и изведен пред лицето на правдата. Се е врз основа на факти и аргументи. Знаевме дека е тука и интезивно се работеше околу негово пронаоѓање, додаде Спасовски.

Слични содржини